Обезбедување на стратешките објекти и засилени контроли на водата за пиење во целата држава бараат опозициските партии, откако по случајот со загадувањето на водата во Гостивар во јавноста се отворија прашања и за состојбата во други градови. Покрај Гостивар, изминатите денови информации за проблеми со водоснабдувањето и квалитетот на водата имаше и во Крушево, Валандово и Лешок.
Левица предлага Армијата да ја обезбедува критичната инфраструктура
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, на прес-конференција во Собранието најави изготвување нов предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши АРМ, во координација со останатите надлежни институции.
Осврнувајќи се на неодамнешните инциденти во повеќе градови, Мециновиќ оцени дека тие ја покажале сериозната ранливост на критичната инфраструктура во државата.
Повеќе на:dw.de









