Палестинскиот голман Салим ал-Ашкар беше убиен претходно оваа недела во Појасот Газа од страна на израелските сили, соопшти Палестинската фудбалска асоцијација (PFA).
PFA соопшти дека Ал-Ашкар бил убиен од огнено оружје од окупаторските сили.

Се вели дека тој е еден од стотиците палестински спортски личности убиени, вклучувајќи повеќе од 1.000 палестински спортисти, откако започна геноцидната војна во октомври 2023 година.
Ал-Ашкар се оженил пред пет месеци, а неговата сопруга го очекува нивното прво дете.
Неговата смрт беше проследена со излив на тага од роднините, соиграчите и пошироката палестинска спортска и меѓународна заедница.
– Длабоко жалиме за трагичната смрт на 32-годишниот палестински голман Салим Ал-Ашкар. Тој беше убиен од израелската армија. „Длабоко сме тажни поради продолжувањето на ваквите настани. Повикуваме на правда и мир“, соопшти во средата чилеанскиот фудбалски клуб Депортиво Палестино.