Израел обвини двајца припадници на воздухопловните сили дека наводно работеле за иранската разузнавачка служба, објави израелскиот весник „Хаарец“, но објавува и „Ал Џезира“.

Израелската војска, заедно со израелската внатрешна разузнавачка служба „Шин Бет“ и полицијата, соопштија дека двајцата техничари се соочуваат со сериозни прекршувања на безбедноста, вклучително и помагање на непријателот и пренесување чувствителни информации.

Едниот војник е обвинет за директен контакт со странски агент, додека другиот е обвинет за олеснување на таков контакт, според заедничкото соопштение цитирано од „Хаарец“. Властите изјавија дека двајцата им кажале на истражителите дека првично ги прекинале врските со нивните ирански контакти откако одбиле да извршуваат задачи поврзани со оружје.

Сепак, официјалните лица велат дека подоцна се обиделе да воспостават контакт откако Иранците ја прекинале комуникацијата. Според израелското Министерство за одбрана, еден од војниците „им дал на иранските воени агенти материјали за обука поврзани со системи на борбени авиони, заедно со снимки од инсталации и области во воената база“.