Иранското Министерство за надворешни работи испрати нота до бугарската амбасада во Техеран, во која повикува на воздржаност од какви било активности во поддршка на САД, вклучително и американски авиони стационирани на аеродромот Васил Левски, јавуваат бугарските медиуми.
Според предупредувањето, Иран го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, објавува „Новините“.
За жал, и покрај изјавите на бугарските власти дека распоредувањето на неколку авиони-танкери на меѓународниот аеродром Васил Левски е дел од планирана воена вежба, како и присуството на американски воени авиони (12 авиони), тие се користат за поддршка и полнење гориво на бомбардерите во заедничката американско-ционистичка агресија против Република Иран“, се вели во иранското соопштение, според РТВ Танјуг.
Иран објави дека го задржува правото да преземе сите мерки за заштита на своите национални интереси.
„Зошто нелегитимниот Андреј Ѓуров ги крие овие информации? Што чекаме, да падне балистичка ракета? „Таа доаѓа за девет минути“, рече Станислав Балабанов од партијата ИТН (Постои таков народ), која ја објави содржината на нотата.
Тој побара привремениот премиер Андреј Ѓуров да биде разрешен и заменет со нов.








