Палестинскиот новинар Осама Кахлут од Газа објави изјава со докази дека израелските војници го малтретирале и мачеле 18-месечното дете за да изнудат признание од неговиот татко. Инцидентот се случил во бегалскиот камп Ал-Магази во централна Газа.
Осама Абу Насар излегол да купи залихи со своето дете пред неколку дена. Тој бил нападнат недалеку од својот дом и бил принуден од израелските војници да го остави својот 18-месечен син Карим на земја и да се приближи до контролен пункт. Таму го соблекле гол.
Според сведоштвата, војската потоа го зела детето и го испрашувала таткото на контролниот пункт. Војниците го мачеле детето пред таткото – му ја изгореле ногата со цигари, го избоделе и му забиле железен шајка во ногата, што било потврдено со лекарски извештај.
Момчето, Карим, било ослободено по десет часа и вратено на неговото семејство преку Меѓународниот Црвен крст. Таткото останува во притвор.
Чекаме извештај од Црвениот крст, по што ќе ве информираме со повеќе детали и веродостојноста на оваа вест.










