Албанскиот премиер Еди Рама објави дека Албанија ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и Хезболах терористички организации.

На прес-конференција во кабинетот на албанскиот премиер, Рама зборуваше за неколку прашања, вклучувајќи ги најновите случувања на Блискиот Исток и мерките на Албанија.

Тој нагласи дека албанскиот парламент ќе биде повикан да гласа за резолуција со која Иран ќе се прогласи за државен спонзор на тероризмот.

„Следната недела, албанскиот парламент ќе биде повикан да гласа за резолуција со која ќе се прогласи Република Иран на Хомеини, не можам вербално да ја наречам исламска бидејќи таа република нема никаква врска со исламот, според она што го знам и она што го ценам во исламот, државен спонзор на тероризмот, а покрај тоа, Иранската републиканска гарда (Иранска револуционерна гарда – ИРГЦ) и Хезболах ќе бидат прогласени за терористички организации“, рече Рама.

Тој нагласи дека тие не се пионери во овие чекори бидејќи, според него, „имало партнери, сојузници и пријатели кои ги напуштиле претходно, но време е и ние да го сториме истото“.

„Од друга страна, кризата (на Блискиот Исток) се појавува низ целиот свет, се појавува и тука, како резултат на зголемувањето на цените на нафтата“, нагласи Рама.

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Ферит Хоџа, исто така, пред неколку дена потврди дека Тирана наскоро ќе донесе официјална одлука за прогласување на Иранската револуционерна гарда за терористичка организација.

Откако Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари, околу 1.300 луѓе се убиени, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени единици.

Иран го затвори Ормутскиот теснец од 1 март.