Иран денес објави дека избрал нов врховен лидер, и иако неговото име е сè уште непознато, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новиот лидер „нема да трае долго“ ако прво не добие одобрение, пишува ABC News.
– Ќе мора да добие наше одобрение – изјави тој за ABC News.
„Ако не добие наше одобрение, нема да трае долго. Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема претседател како мене кој е подготвен да се справи со тоа.“
Тој додаде: „Не сакам луѓето да мора да се враќаат за пет години и повторно да го прават истото, или уште полошо, да им дозволат да добијат нуклеарно оружје.“









