Санација на свлечишта, заштита од одрони на косините со пошумување, мрежа и прскање со бетон, се дел од активностите на терен во моментов на автопатот Кичево-Охрид. Овој автопат чини речиси 600 милиони евра, а најголемиот дел од парите веќе се исплатени. Еден километар автопат во просек државата го плаќа 9,7 милиони евра.
Речиси целата сума од последно проектираната за автопатот Кичево – Охрид е исплатена. Поратоците покажуваат дека досега се реализирани речиси 560 милиони евра за оваа делница.
Официјално започнат со градба во 2014 или неколку месеци откако во ноември 2013 беше потпишан договор, автопатот и по 12 години не е готов.
„До овој момент реализирано е 557.985.782.11 евра или 93,3% од предвидената сума за изградба на автопатот Кичево-Охрид“, говорат последните податоци што од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги споделија со Радио Слободна Европа (РСЕ).
Ако досега исплатената сума е 93,3% од предвидената, тогаш финалната, ако се биде според досегашните проекции ќе изнесува 598.055.500 евра. Тоа е над 200 милиони повеќе од првично проектираните 374 милиони евра кои беа соопштени пред повеќе од една деценија.
Делницата е долга речиси 57 километри, што значи дека еден километар од оваа значајна сообраќајна артилерија за Северна Македонија ќе изнесува околу 9,7 милиони евра.
Повеќе на: РСЕ










