Уште една пукотница во која учествувале федерални агенти се случи во Минеаполис, објавија гувернерот на Минесота, Тим Волц, и сенаторката Ејми Клобучар. Во тој дел од градот избувнаа немири. Според CNN, пукотницата во која е убиен еден маж е третата пукотница извршена од федерални агенти во градот овој месец.

Во услови на денови немири поради имиграциските операции на администрацијата на Доналд Трамп во Минесота, во градот Минеаполис се случи уште една пукотница во која учествувале федерални агенти.

Според CNN, човекот кој бил „застрелан додека бил опкружен со федерални агенти во Минеаполис бил вооружен“, изјавил функционер на Министерството за внатрешна безбедност, кој исто така рекол дека лицето „имало огнено оружје со две цевки“.

Не е јасно дали човекот отворено го држел оружјето или било скриено во времето на пукотницата. Исто така, не е јасно дали имал дозвола за носење огнено оружје, што е задолжително во таа држава, објавува CNN.

Ова е трето пукање во јануари во кое се вклучени федерални агенти. На 7 јануари, агент на Службата за имиграција и царина смртно ја застрела Рене Гуд, 37-годишна мајка на три деца, предизвикувајќи национални протести.

mineapolis

Една недела подоцна, агент на Службата за имиграција и царина застрела еден венецуелски имигрант во ногата по она што го нарекоа „целна сообраќајна контрола“.

Човекот, за кого Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека се спротивставувал на апсењето, бил однесен во болница со повреди кои не се опасни по живот.