Жител на Минесота, Чонгли Тао (56), натурализиран американски државјанин, изјави дека доживеал страв, срам и очај откако службениците на американската Служба за имиграција и царина (ICE) насилно влегле во неговиот дом со пиштол, му ставиле лисици и го извеле на снегот во шорцеви и апостолки.

Тао бил вратен дома истиот ден без никакво објаснување или извинување, објави Ројтерс.

Инцидентот се случил додека Тао пеел караоке во својот дом. По гласно тропање на вратата, тој и неговото семејство се засолниле во спалната соба, каде што ги пронашле федералните агенти. Тао вели дека се обидел да ја пронајде својата лична карта, но не му било дозволено да се облече. Излегол покриен со ќебе со кое неговиот четиригодишен внук спиел на каучот. Му биле земени отпечатоци од прсти и фотографиран во полициско возило пред да биде ослободен.

Тао изјавил дека неговите родители го донеле од Лаос во Соединетите Држави во 1974 година, а тој станал американски државјанин во 1991 година. За време на притворот, се плашел дека може да биде депортиран во Лаос, каде што нема роднини.