Кинески, руски и ирански воени бродови пристигнаа во јужноафриканските води за да учествуваат во еднонеделна поморска вежба што започна денес покрај брегот на Кејптаун.

Вооружените сили на Јужна Африка соопштија дека ќе ги соберат членовите на блокот за да вежбаат операции за поморска безбедност и борба против пиратството и „продлабочување на соработката“, објави АП.

Вежбата ќе се фокусира на заеднички акции за заштита на безбедноста на клучните морски патишта и економски активности, а ќе вклучува вежби како што се операции за борба против тероризмот и спасување заложници, како и поморски ударни вежби, соопшти денес кинеското Министерство за национална одбрана.

Поморската воена вежба „Волја за мир 2026“ се одржува од 9 до 16 јануари во водите на Република Јужна Африка во формат „БРИКС плус“, и засега е сигурно дека, покрај кинеската морнарица, која ќе ги предводи маневрите, и руската морнарица, во вежбата ќе учествуваат и воени бродови од Иран, Индонезија и Етиопија. Кинески, руски и ирански бродови биле видени како влегуваат и излегуваат од пристаништето кое ја опслужува главната поморска база на Јужна Африка во Сајмонс Таун, јужно од Кејптаун, според АП.