Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јавно се обратија по состанокот во Белата куќа.
Трамп рече дека мировниот договор е „повеќе од блиску“.
Тој иззјави дека тесно соработува со Нетанјаху за да се постигне „мир на Блискиот Исток“.
„Ова е потенцијално еден од најголемите денови во цивилизацијата. Ова е голем ден, историски ден. Разговаравме како да се стави крај на војната во Газа, но тоа е само дел од поголемата слика“, рече Трамп.
Тој му се заблагодари на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за прифаќањето на неговиот план за Газа.
„Доколку Хамас го прифати предлогот, сите преостанати заложници ќе бидат ослободени во рок од 72 часа“, рече Трамп.
Трамп им се заблагодари на светските лидери од регионот со кои разговарал за воспоставување мир на Блискиот Исток, вклучувајќи ја Европа, Турција, Египет, Пакистан и Јордан.
Тој рече дека доколку Хамас го прифати, планот бара ослободување на сите заложници и дека сега тоа зависи од Хамас, бидејќи сите други се согласиле.
Трамп вели дека телата на мртвите заложници ќе бидат вратени веднаш ако мировниот план биде прифатен. Тој вели дека тоа ќе значи и „итен крај на самата војна“.
Арапските и муслиманските земји ветија дека брзо ќе ја „демилитаризираат Газа“ како дел од планот.
Како дел од планот, Трамп вели дека тунелите и производствените капацитети на Хамас ќе бидат уништени.
Тоа би вклучувало и обука на локалните полициски сили, а Израелските одбранбени сили (ИДФ) би се повлекле од Газа во фази.
Заканата од Хамас би била „уништена“, вели тој, а Нетанјаху би ја имал целосната поддршка од Трамп да „направи што мора да направи“.
Трамп вели дека не се занимавал со Хамас, но дека арапските и муслиманските земји „ќе се справат со Хамас“.
„Тие мора да се справат со нив“, вели тој.
„Мислам дека веројатно разбираат“, вели Трамп.
Тој вели дека ако не се во можност да го сторат тоа, Израел би имал целосна поддршка од САД, вели тој, „за да ја заврши работата за уништување на заканата од Хамас“.
– Хамас е единствената преостаната партија што треба да се согласи со договорот, вели Трамп.










