Ердоган тврди дека постигнал договор со Трамп за прекин на огнот во Газа

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека по разговорите во Белата куќа во четвртокот, постигнал договор со американскиот претседател Доналд Трамп за тоа како да се постигне прекин на огнот и траен мир во Газа и Палестина.

– Нашата средба беше многу важна во однос на изразувањето на волјата за прекин на масакрот во Газа. За време на средбата, г-дин Трамп ја изрази потребата од прекин на борбите во Газа и постигнување траен мир – нагласи турскиот претседател.

– Објаснивме како може да се постигне прекин на огнот во Газа и цела Палестина, а потоа и траен мир. Таму беше постигнат договор. Рековме дека решението со две држави е формула за траен мир во регионот, дека сегашната ситуација не може да продолжи – рече тој.

Ердоган, исто така, рече дека учеството на сирискиот претседател Ахмед ал-Шара на Генералното собрание на Обединетите нации е многу важно за глобалната легитимност на новата сириска влада, пренесува Ројтерс.

You may also like