Два ловци „Грипен“ на унгарските воздухопловни сили пресретнаа пет руски ловци над Балтичкото Море за време на воздушна патрола на НАТО, соопшти Воздухопловната команда на НАТО.
Два унгарски ловци „Грипен“, за време на воздушна патрола на НАТО над Балтикот, полетаа од базата Шјауљај во Литванија како одговор на летот на руски Су-30, Су-35 и три МиГ-31 во близина на латвискиот воздушен простор, според соопштението објавено на платформата X.
Се нагласува дека Унгарија покажала „посветеност кон Алијансата во одбраната на балтичките држави и источниот дел“.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно изјави дека во секој случај на нарушување на воздушниот простор, вистинската закана за членовите на Алијансата ќе биде внимателно оценета, а одлуките за одговор ќе бидат донесени поединечно.







