Израелските клубови сè уште „висат“ кога станува збор за суспензија од сите натпреварувања на УЕФА.
За ова се зборува долго време поради геноцидот што Израел го спроведува во Палестина, но сè уште нема официјална одлука. Популарниот „Тајмс“ наведува дека исфрлањето на израелските клубови ќе се случи следната сезона, и наводно сè е договорено.
Според сегашниот план, ќе се одржи вонредна седница на Извршниот комитет на УЕФА, по што ќе следи гласање.

Истите извори наведуваат дека мнозинството ќе биде за донесување одлука за исфрлање на клубовите од Израел. Израел е членка на УЕФА од 1994 година, а вреди да се истакне примерот на Русија, која беше исклучена од сите европски натпреварувања по инвазијата на Украина во 2022 година.