Најмалку 15.600 пациенти, вклучувајќи 3.800 деца, моментално чекаат медицинска евакуација од Газа за да добијат медицинска нега што ќе им го спаси животот надвор од блокираната област, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Гебрејесус на социјалните мрежи изјави дека СЗО активно ја поддржува евакуацијата на пациентите, истакнувајќи ја итната потреба за пристап до третман, објави Ал Џезира.

Тој, исто така, ја поздрави заедничката изјава на 24 министри за надворешни работи, двајца министри за развој и комесарот на ЕУ за еднаквост, подготвеност и управување со кризи, Хаџа Лахиб, кои понудија поддршка во лекувањето на критично болни пациенти од Газа.

Ситуацијата во Газа, која е под опсада речиси две години, останува алармантна, а меѓународните здравствени организации предупредија за итната потреба од евакуација и пристап до соодветна медицинска нега.

СЗО нагласи дека итна медицинска евакуација и пристап до болници надвор од Газа би можеле да спасат многу животи, особено кај ранливите групи како што се децата и хронично болните пациенти.

(Vijesti.ba)