ТЕХЕРАН – Иранскиот претседател Масуд Песекијан ѝ се обрати на нацијата во огнен и емотивен говор што одекна како експлозија низ целиот регион и пошироко. Додека Советот за безбедност на Обединетите нации повторно подига ѕидови од санкции околу Иран, Песекијан испраќа порака – „Тие не можат да нè спречат!“
Во говорот емитуван во живо на државната телевизија, Пезешкијан не ги штедеше зборовите. Со поглед вперен во камерата и глас полн со решителност, тој рече:
„Со „снепбек“ тие го блокираат патот, но мозоците и мислите се тие што го отвораат или градат патот.“
Оваа изјава доаѓа само неколку дена откако САД и Израел – според Техеран – извршија напади врз два клучни нуклеарни објекти: Натанц и Фордоу. Сепак, тврди Пезешкијан – штетата не е трајна.
„Тие можат да го нападнат Натанц или Фордоу, но не се свесни дека луѓето го изградија и ќе го обноват Натанц“, рече тој, осврнувајќи се на отпорот и силата на иранскиот народ.
Нова рунда санкции – стара приказна во ново руво
За потсетување, во петокот Советот за безбедност гласаше против трајното укинување на санкциите врз Иран, откако Обединетото Кралство, Франција и Германија го активираа механизмот „снепбек“. Овој механизам овозможува автоматско враќање на сите санкции укинати во 2015 година, како дел од договорот за иранската нуклеарна програма.
Западот обвинува, Иран негира.
Европските сили велат дека Техеран не се придржува до договорените ограничувања. Иран возвраќа дека никогаш не имал намера да развива нуклеарно оружје.
Што значи враќањето на санкциите?
Доколку не се постигне договор во текот на следната недела, Иран повторно би можел да ја почувствува тежината на меѓународната изолација. Меѓу мерките што се воведуваат повторно се:
Ембарго за оружје
Забрана за збогатување на ураниум
Забрана за балистички ракети способни да испорачаат нуклеарно оружје
Замрзнување на средствата на иранските функционери и институции
Забрана за патување на ирански поединци
„Нема да се поклониме“
Пезешкијан стои на својот став – Иран нема да се поклони пред притисокот.
„Никогаш нема да се поклониме пред прекумерните барања затоа што имаме моќ да ја промениме ситуацијата“, изјави тој, предизвикувајќи аплауз во парламентот и навивање на улиците на Техеран.
Што е следно?
Додека меѓународната заедница гледа со загриженост, а пазарите реагираат со тревога, едно е сигурно – Иран нема планови тивко да се повлече.
Претседателот Пезешкијан гради наратив за отпор, обнова и национална гордост. Но, колку далеку ќе оди таа приказна зависи од потезите на Западот, но и од тоа колку Иран е навистина спремен да ја плати цената на својот пат.
Затоа што пораката е јасна:
„Тие не можат да нè спречат“.








