Албанија стана првата земја во светот што има министер создаден целосно со вештачка интелигенција. Виртуелната министерка е именувана Диела, што на албански значи сонце, и таа ќе биде задолжена за јавни набавки и тендери, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави во летото дека Албанија еден ден би можела да има дигитален или виртуелен министер, а можеби дури и премиер управуван од вештачка интелигенција, но малкумина очекуваа неговите предвидувања да се остварат толку брзо, објавува бриселскиот „Политико“.
На денешното собрание во Тирана, каде што се одлучуваше кои министри ќе добијат нов мандат, Рама ја претстави виртуелната министерка Диела – единствениот „нечовечки“ член на владата создаден со вештачка интелигенција.
Тој објасни дека одлуките за јавните тендери сега ќе бидат во рацете на Диела, а не повеќе во рацете на другите министри или нивните канцеларии. Процесот ќе се спроведува постепено, но според премиерот, Албанија ќе стане земја каде што тендерите ќе бидат 100% отпорни на корупција.
Диела е веќе позната на албанските граѓани, бидејќи ја води државната платформа е-Албанија, која овозможува дигитален пристап до повеќето владини услуги. Таа веќе има и свој аватар – прикажана е како млада жена облечена во традиционална албанска облека.










