Портпаролката на ОН за човекови права, Равина Шамдасани, изјави дека помеѓу 27 мај и 7 јули се регистрирани 798 убиства, вклучувајќи 615 во близина на локациите управувани од Хуманитарниот фонд за Газа.
Овие напади од страна на израелската армија најчесто се регистрирани во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на камповите во Кан Јунис, каде што многу Палестинци биле повредени или убиени додека пристигнувале на локациите одредени за прием на хуманитарна помош од страна на израелската армија.
Израелската армија одговори на овие извештаи со соопштение, тврдејќи дека на трупите на терен им биле издадени инструкции и строги наредби, чие извршување спречило независна употреба на сила.
„По инцидентите во кои беше пријавена штета на цивилите кои пристигнувале во дистрибутивните објекти, беа спроведени темелни истраги и на силите на терен им беа дадени инструкции врз основа на научените лекции“, се вели во соопштението на израелската армија.
Од друга страна, од почетокот на последната фаза од израелската агресија врз Појасот Газа, не се регистрирани случаи на дисциплински постапки против војници, офицери и подофицери на израелската армија кои извршиле воени злосторства, пишува Вијести.








