Американски борбени авиони полетaa од воздухопловната база во Саудиска Арабија и се упатуваат кон Иран, објавија израелските медиуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп свика итен состанок со највисоките функционери откако Иран ги нападна Катар и Ирак или американските бази лоцирани таму.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, началникот на Генералштабот на американската армија Ден Кејн, Трамп и други функционери од Собата за управување со кризи во Белата куќа го следат развојот на настаните на Блискиот Исток, соопшти вечерва Белата куќа.
– Белата куќа и Министерството за одбрана се свесни и внимателно ги следат потенцијалните закани за воздухопловната база Ал Удеид во Катар – изјави висок функционер на Белата куќа, пренесува NBC news.









