Палестинската самоуправа остро го осудија иранскиот напад врз американската воена база во Катар, нарекувајќи го сериозно кршење на суверенитетот на Катар.
Во соопштението пренесено од палестинската новинска агенција Вафа, државата Палестина ја изрази својата поддршка за Катар и неговиот народ, нагласувајќи дека го осудува нападот врз најголемиот американски воен објект на Блискиот Исток.
„Нападот е флагрантно кршење на суверенитетот на државата Катар и како таков е неприфатлив“, соопштија палестинските власти.
Слични реакции дојдоа и од други земји во регионот, вклучувајќи ги Катар, Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.
Саудиското Министерство за надворешни работи претходно најостро ја осуди иранската агресија, нарекувајќи ја кршење на меѓународното право и принципот на добрососедски односи. „Ова е целосно неприфатлив чин што не може да се оправда под никакви околности“, се вели во саудиското соопштение.
Овие осуди доаѓаат во време на зголемени тензии во регионот по иранскиот ракетен напад врз американската база Ал Удеид во Катар, што предизвика загриженост кај меѓународната заедница за можна понатамошна ескалација на конфликтот.









