Катар проговори по иранскиот напад: Имаме право да одговориме
Откако Иран денеска започна напад врз американските бази во Катар, одговорот на оваа земја од Персискиот залив дојде брзо.
Како што рекоа, имаат право да одговорат.

-Го задржуваме правото да одговориме по иранскиот напад.

Иранската ракетна операција против американските бази започна под името „Благослов на победата“, пренесува новинската агенција Мехр.

„Уверени сме дека катарските сили за воздушна одбрана го запреа нападот и успешно ги пресретнаа иранските ракети“, се додава во катарското соопштение.

„Министерството за одбрана подоцна ќе издаде соопштение за појаснување на околностите на нападот.

Нема жртви во иранскиот напад врз американската база Ал-Удеид, соопшти Катар, а пренесува Скај њуз.