Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека е „длабоко вознемирен од употребата на сила од страна на Соединетите Држави против Иран“.

– Ова е опасна ескалација во регионот веќе на работ – и директна закана за меѓународниот мир и безбедност. Постои зголемен ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот. Ги повикувам земјите-членки да ја деескалираат и да ги исполнат своите обврски според Повелбата на ОН и другите правила на меѓународното право. Во овој опасен момент, клучно е да се избегне спирала на хаос. Дипломатијата е единствениот пат напред – предупреди Гутереш.

Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд Винстон Питерс оцени дека сегашните воени дејствија на Блискиот исток се крајно загрижувачки и дека е клучно да се избегне понатамошна ескалација.

Како што рече, Нов Зеланд силно ги поддржува напорите насочени кон дипломатијата.

– Ги повикуваме сите страни да се вратат на разговорите. Дипломатијата ќе донесе потрајно решение отколку понатамошна воена акција – рече тој.

Портпаролот на австралиската влада изјави дека безбедносната ситуација во регионот е многу нестабилна и дека продолжуваат да повикуваат на деескалација, дијалог и дипломатија.

– Јасно ставивме до знаење дека иранските нуклеарни и балистички ракетни програми претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност. Ја забележуваме изјавата на американскиот претседател дека сега е време за мир – изјавија од австралиската влада.

Мексиканското Министерство за надворешни работи во своето соопштение на Платформата X повика на дипломатски дијалог за мир меѓу страните вклучени во конфликтот на Блискиот Исток.

– Во согласност со нашите уставни принципи на надворешната политика и пацифистичкото убедување на нашата земја, го повторуваме нашиот повик за деескалација на тензиите во регионот. Враќањето на мирниот соживот меѓу земјите од регионот е највисок приоритет – потенцираат тие.

Венецуелскиот министер за надворешни работи Иван Гил изјави дека неговата земја „ја осудува американската воена агресија против Иран и бара итен прекин на непријателствата“.

– Боливарската Република Венецуела цврсто и категорично го осудува бомбардирањето на војската на Соединетите Американски Држави, на барање на државата Израел, врз нуклеарните постројки во Исламската Република Иран, вклучително и комплексите Фордоу, Натанц и Исфахан, изјави Гил на Телеграма.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел објави на платформата Х дека „остро го осудува американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, што претставува опасна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток“.

– Агресијата сериозно ја нарушува Повелбата на ОН и меѓународното право и го вовлекува човештвото во криза со неповратни последици – изјави тој.

ШОК ЗА БЕЛАТА КУЌА

Висок ирански функционер изјави за Ројтерс: „Поголемиот дел од високо збогатениот ураниум во Фордоу беше префрлен на непријавена локација пред американскиот напад. Бројот на персоналот во Фордоу беше намален на минимум“, откри тој.

Сателитските снимки покажуваат невообичаен сообраќај со камиони во иранскиот Фордоу два дена пред американскиот напад.

Иранската револуционерна гарда објави соопштение:

-Клучните делови од капацитетите на иранските вооружени сили се уште не се активирани, рекоа тие.

Нетанјаху за Трамп: „Тој го ослободи најопасниот режим во светот со најопасното оружје во светот“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде изјава по американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки. Тој ги нарече постапките на Трамп „храбри и историски“.

„Америка го направи она што ниту една друга земја на Земјата не го направи. Историјата ќе забележи дека претседателот Трамп дејствувал за да го лиши најопасниот режим во светот од најопасното оружје во светот“, рече тој.

Се појавуваат нови снимки и од разорниот ирански напад врз Тел Авив извршен по американскиот напад врз Иран.

Станбена населба во Тел Авив беше погодена од иранска балистичка ракета.

Image

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема зголемување на нивото на радијација по американските напади врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучително и локацијата Фордоу.

– По нападите на три нуклеарни постројки во Иран – вклучувајќи го и Фордоу – МААЕ може да потврди дека досега немало зголемување на нивото на радијација околу овие локации, соопшти МААЕ на својата платформа Х.

Агенцијата соопшти дека ќе бидат обезбедени дополнителни проценки за ситуацијата во Иран кога ќе станат достапни повеќе информации. Се верува дека постројката за збогатување ураниум Фордо е една од најважните цели на Израел во неговиот конфликт со Иран. Иран претходно објави дека ги евакуирал трите нуклеарни постројки нападнати некое време пред бомбардирањето.