Иран започнува масовен напад врз Израел, а снимките од последните напади кружат на социјалните мрежи. Сирени се слушаат во Израел, а најмногу се погодени Хаифа и Тел Авив.

Некои улици изгледаат целосно уништени, а има и голема материјална штета.

Најмалку десет локации се погодени низ Израел, а делови од западен и централен Израел се особено погодени. Експлозии се забележани во повеќе градови, а на терен се службите за итна помош и медицинските екипи, јавуваат израелските медиуми.

Нападот дојде како одговор на синоќешното бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, за кои Техеран тврди дека е извршено со поддршка на САД.

Како одговор, Иран лансираше најмалку 30 балистички ракети, поделени на два брана – првиот од 22 проектили, а вториот од петте, со неколку дополнителни проектили во пократки интервали.

Иако израелските одбранбени сили активираа системи за пресретнување, неколку ракети успеаја да навлезат во одбраната и да погодат цели, вклучително и густо населените урбани области во Тел Авив и Хаифа.

Image

Ова е најсериозната ескалација во директниот конфликт меѓу Иран и Израел досега, што дополнително ги продлабочува регионалните тензии и предизвикува меѓународна загриженост. Деталите за бројот на жртвите и степенот на штетата се уште не се официјално потврдени.

Image