Според иранското Министерство за здравство, најмалку 430 луѓе се убиени од почетокот на конфликтот на 13 јуни, а повеќе од 3.500 се повредени.
Израелските окупаторски одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека осум ирански беспилотни летала утрово влегле во израелскиот воздушен простор за нешто повеќе од еден час. Израел соопшти дека во конфликтот досега загинале 25 лица, од кои едно лице починало од срцев удар, а 2.517 се ранети.
Израелската окупаторска војска објави дека убила двајца ирански команданти во целни напади, координаторот на Хамас Саид Изади и командантот на силите Кудс Бехнам Шахријари, пишува Индекс.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека американското учество во конфликтот меѓу Израел и Иран би било „многу, многу опасно“. Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, рече дека верува оти Иран може да развие нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“, иако претходно тврдеше дека Иран не развива нуклеарно оружје.









