Европската Унија му се спротивставува на Израел? Фон дер Лајен го запира Нетанјаху!

by Administrator

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакнала дека дипломатијата е најдоброто и најодржливото решение за конфликтот со Иран.

Фон дер Лајен ова го изјави на самитот на Г7 во Канада, додавајќи дека Иран не треба да има нуклеарно оружје, но дека преговорите остануваат најдобра опција за мир.

„Верувам дека политичко и дипломатско решение е единствениот правилен пат на долг рок“, рече таа.

Таа, исто така, откри дека му го пренела на Нетанјаху барањето итно да се дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа, каде што е во тек голема хуманитарна криза.

„Нагласив дека помошта мора да стигне до луѓето. Тој вети дека ќе дејствува“, изјави Фон дер Лејен за новинарите во Канада.

You may also like