Нуклеарните преговори меѓу Иран и САД, закажани за недела во главниот град на Оман, Мускат, беа откажани откако Израел во петокот наутро ја започна операцијата „Подемот на лавот“ со ненадеен напад во кој беше елиминиран дел од военото раководство на Иран и оштетени нуклеарни постројки.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, во понеделникот изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од Договорот за неширење нуклеарно оружје (НПТ), додавајќи дека Техеран и понатаму се противи на развивање оружје за масовно уништување.

Тајната иранска програма за збогатување ураниум беше откриена во 2002 година, предизвикувајќи загриженост дека тој се обидува да развие нуклеарна бомба кршејќи ги своите обврски од НПТ, што Техеран го негира.

Западните земји, на чело со Соединетите држави, и Израел, главниот непријател на Иран, се сомневаат дека Техеран сака да произведе нуклеарно оружје. Техеран негира дека има такви воени амбиции, но во исто време потсетува и го нагласува своето право да користи нуклеарна енергија за цивилни цели во согласност со одредбите на НПТ.

Сепак, Иран е единствената земја без нуклеарно оружје и збогатува ураниум до високо ниво од 60 проценти, според МААЕ. Нуклеарните преговори меѓу Иран и САД, закажани за недела во главниот град на Оман, Мускат, беа откажани откако Израел во петокот наутро ја започна операцијата „Подемот на лавот“ со ненадеен напад во кој беше елиминиран дел од военото раководство на Иран и оштетени нуклеарни постројки.

Израел рече дека кампањата ќе се интензивира во наредните денови, а Иран вети дека ќе ги „отвори портите на пеколот“ како одмазда. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека неговата влада не гледа смисла да ги продолжи преговорите по големиот напад врз иранските нуклеарни постројки.

Иран во понеделникот ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да го осуди Израел по нападот врз неговите нуклеарни постројки.