Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека Иран ќе одговори „уште пожестоко и поодлучно“ доколку продолжат израелските напади, објави Би-Би-Си.
Иран побара од Ирак да ги забрани летовите на израелските борбени авиони
Во телефонскиот разговор со ирачкиот премиер, Пезешкијан рече дека и другите земји во регионот може да бидат загрозени доколку Израел продолжи со нападите и ги повика исламските земји да заземат „силен заеднички став“. „Иран не го започна овој конфликт, но одлучно одговори на нападите“, изјавил Пезешкијан.
Според соопштението од неговиот кабинет, иранскиот претседател побарал од Ирак да го спречи Израел да го користи ирачкиот воздушен простор за напад на Иран.
„Ирачките власти треба да бидат уште повнимателни за да не се злоупотреби ирачката територија против Исламската Република Иран“, се вели во соопштението.
Потсетуваме дека Ирак се наоѓа меѓу Израел и Иран и неколку пати во минатото беше во центарот на регионалните тензии.










