„Крило на Сион“, израелската верзија на американскиот претседателски авион „Ер Форс Уан“, денес наутро полета од аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив кога Израел започна напад врз иранските нуклеарни постројки, објавија медиумите на хебрејски јазик.
Овој авион, официјалното превозно средство за премиерот Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог за време на нивните меѓународни патувања, полета за Атина во петок наутро „поради страв од можна иранска одмазда“, објавува „Џерусалем пост“.
Авионот претходно бил преместен од воздухопловната база Неватим, која се наоѓа во северната пустина Негев, за време на иранскиот напад врз Израел во април 2024 година.
Кратко откако „Крилото Сион“ полета кон Грција, портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), бригаден генерал Ефи Дефрин, изјави дека Иран лансирал повеќе од 100 дронови кон Израел, објави Nova.rs.









