Претставник на Стејт департментот за агенцијата Анадолија изјави дека САД евакуираат персонал од амбасадата во Багдад, велејќи дека претседателот Доналд Трамп е посветен на безбедноста на Американците, и дома и во странство.

Исто така, шефот на Пентагон, Пит Хегсет, одобри доброволно заминување на воен персонал од локации низ Блискиот Исток, изјави американски функционер за одбрана.

„Претседателот Трамп е посветен на безбедноста на Американците, и дома и во странство. Во согласност со таа посветеност, ние постојано ги оценуваме соодветните аранжмани за вработување во сите наши амбасади. Врз основа на нашата најнова анализа, одлучивме да го намалиме присуството на нашата мисија во Ирак“, изјави функционер на Стејт департментот за „Тајмс оф Израел“.

Откако Хегсет го одобри доброволното заминување на воениот персонал од локации низ Блискиот Исток, американски функционер откри дека ова главно се однесува на „членови на семејството кои се во Бахреин – каде што се стационирани повеќето од нив“.

Немаше промени во операциите во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, најголемата американска воена база на Блискиот Исток. Исто така, не е издадена наредба за евакуација на вработените или семејствата поврзани со амбасадата на САД во Катар, која денес работеше нормално.