Неколку лица се тешко повредени откако автомобил удрил во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, соопшти противпожарната служба на X вечерва.

Возачот бил приведен, соопшти портпаролката на тамошната полиција.

Иако противпожарната служба го опиша инцидентот како несреќа, полицијата сè уште не даде коментар за контекстот на судирот.

Германската полиција извести дека најмалку три лица се тешко повредени кога Мерцедес удрил во група луѓе.

Возачот не е повреден и е уапсен, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека неговото испрашување е во тек.

Инцидентот се случил на трамвајската станица Олгаек во центарот на градот. Пожарникари, спасувачи и полиција се на местото на инцидентот.