Палестинците во Појасот Газа петочната молитва,  џума намаз ја извршија среде урнатините на делумно уништената Голема џамија во Кан Јунис, јавува Anadolu.

Рамазан, муслиманскиот пост месец, започнува вечерва на зајдисонце. Првиот ден на постот е сабота, 1 март.

Палестинците го пречекуваат Рамазан во тешки услови и меѓу урнатините предизвикани од израелските напади кои траеја од 7 октомври 2023 година, а завршија со прекинот на огнот кој стапи на сила на 19 јануари оваа година.

Во израелските напади убиени се најмалку 48.365 Палестинци, а енклавата остана во урнатини. И покрај прекинот на огнот, локалните власти во Газа речиси секојдневно известуваат за прекршување на примирјето од страна на израелската војска.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во енклавата.

Image 2 of 12Image 3 of 12Image 4 of 12Image 5 of 12Image 6 of 12Image 7 of 12Image 8 of 12Image 9 of 12Image 11 of 12Image 12 of 12