Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека само Турција може да ја спаси Европската унија од ќорсокакот во кој западна, од економија до одбрана и од политика до меѓународен престиж.
Коментирајќи ги неодамнешните избори во неколку европски земји и подемот на екстремната десница, Ердоган рече дека либералната демократија, „најатрактивната идеологија“ на минатиот век, влезе во сериозна криза и дека вакуумот на демократијата го пополнуваат екстремно десничарските демагози.
Тој, исто така, рече дека Турција може да обезбеди „спас“ за брзо стареењето на европската економија и демографската структура.
Турскиот претседател и во оваа прилика укажа на израелскиот геноцид на палестинските територии.
„Западните организации и лидери, кои го гледаа колењето на повеќе од 61 илјада цивили, главно жени и деца, паднаа на тестот на човештвото во Газа“, рече Ердоган.

Тој рече дека Анкара ја поздравува намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја реши руско-украинската војна преку разговори, изразувајќи ја подготвеноста на Турција да го поддржи патот кон траен мир, вклучително и домаќинство на разговорите.
„Пристапот за ставање крај на војната на преговарачка маса е во согласност со политиката што Турција ја спроведува во последните четири години“, рече Ердоган по состанокот на владата во главниот град Анкара.
Тој посочи дека Турција сака да стави крај на војната, која ги чинеше животите на стотици илјади луѓе и за која и Русија и Украина платија висока цена.
