Приврзаниците на крајната десница денес се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лева и против воведувањето на еврото.
Протестот се одржа пред Бугарската народна банка (БНБ) и пред претставништвото на Европската комисија во Софија, организиран од екстремно десничарска и ултранационалистичка политичка партија.
Демонстрантите фрлале црвена боја и јајца по зградите и се судрија со полицијата.
Минатата година претставниците на бугарскиот парламент го усвоија предлог-законот за транзиција кон еврото како национална валута од почетокот на 2025 година, а самиот влез во еврозоната беше одложен поради високата инфлација и други фактори.

Нацртот ги регулира принципите, рамката и процедурите за пуштање на еврото во оптек во Бугарија, одредени регулативи за транзицијата и воведен е преоден период кој на граѓаните ќе им овозможи време да се прилагодат на новата валута.
По стапувањето во сила на законот, режимот на користење на две валути, бугарскиот лев и еврото, останува во Бугарија еден месец. На крајот на преодниот рок, бугарскиот лев треба целосно да се повлече од оптек.
Цените на стоките и услугите ќе бидат означени во две валути за една година









