Најдобрите светски тенисери деновиве се во Катар каде се одржува АТП 500 турнирот во Доха и по тој повод имаа можност да се пофалат со своето познавање на арапскиот јазик.
Новак Ѓоковиќ, кој е главна ѕвезда на турнирот, неодамна се опорави од повредата здобиена на Австралија Опен. Иако повредата беше сериозна, српскиот тенисер брзо застана на нозе, дури и порано од очекуваното.
По пристигнувањето во Доха, Ѓоковиќ заедно со своите врвни тениски колеги предизвика бурни реакции.
Организаторите им дадоа можност да се претстават и да покажат какви зборови знаат на арапски. Покрај Ѓоковиќ, во арапски одела беа и Карлос Алкараз, Григор Димитров и Стефанос Циципас.
Ѓоковиќ, секако, беше во центарот на вниманието, бидејќи најмногу зборови зборуваше на арапски.
Неговиот настап со „Merhaba, inshallah, elhamdulillah“ предизвика бран од ентузијазам кај арапските фанови.
Познато е дека Ѓоковиќ секогаш се труди да ја импресионира локалната публика зборувајќи на нивниот јазик, без разлика дали е во Кина, Италија или на другиот крај на светот.
Покрај тоа што зборува неколку јазици, вклучително англиски, шпански, германски, француски, руски и италијански, Ѓоковиќ повремено покажувал познавање и на кинески.









