Инцидент на аеродромот во Торонто: Авион се превртел при слетување

by Administrator

Авионската несреќа на аеродромот Пирсон во Торонто предизвика итна реакција и полициска акција.
Локалните медиуми јавуваат дека авионот се превртел при слетување.

Аеродромот Пирсон во Торонто соопшти дека се запознати со инцидентот со летот на „Делта ерлајнс“ кој пристигна од Минеаполис и дека службите за итни случаи реагирале.

Канадскиот портал CP24 објави дека во инцидентот се повредени осум лица. Едно лице е во критична состојба, додека другите се здобиле со полесни до средни повреди. Од полицијата велат дека не знаат како дошло до несреќата.

Аеродромот објави на платформата X дека „се води сметка за сите патници и членови на екипажот“.

Претставниците на Делта сè уште не одговориле на барањето за коментар. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа превртен авион на снег.

 

You may also like