Трамп: Палестинците нема да имаат право на враќање откако САД ќе ја „преземат“ Газа

by Administrator

Доналд Трамп рече дека Палестинците нема да имаат право да се вратат во Газа според неговиот план САД да ја „преземат“ територијата, во интервјуто од кое дел беше објавен денеска.
„Не, не би имале, бидејќи би имале многу подобри услови за домување“, рече Трамп на Фокс њуз на прашањето на новинарите дали палестинскиот народ ќе има право на враќање.

Со други зборови, зборувам за изградба на постојано место за нив“, рече тој.

Планот на Трамп, кој беше широко осуден од западните и арапските сојузници, се заснова на празнење на Газа од нејзините жители, што всушност е повик за етничко чистење.
И египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и јорданскиот крал Абдула Втори го отфрлија повикот на Трамп да се преселат голем број од 2,3 милиони жители на Газа и САД да ја преземат сопственоста на нивната татковина, но Трамп тврди дека на крајот тоа би го прифатиле.

Трамп во интервју за Фокс рече дека може да има дури шест различни локации за живеење на Палестинците надвор од Газа, пишува Гардијан.
„Зборувам за изградба на постојано место за нив, бидејќи ако треба да се вратат сега, ќе поминат години пред да можат… не е погодно за живеење“, му рекол тој на водителот Брет Баер.

Во интервјуто за Фокс – кое ќе се емитува во понеделник по емитувањето на првиот дел пред Суперболот во недела – Трамп рече дека ќе изгради „убави заедници“ за околу 2,3 милиони Палестинци кои живеат во Газа.
– Може да има пет, шест, може да има двајца. Но, ќе изградиме безбедни заедници, малку подалеку од местото каде што се, каде што е целата оваа опасност – рече Трамп, додавајќи:
– Во меѓувреме, јас би го поседувал ова. Сфатете го тоа како развој на недвижен имот за иднината. Тоа би било прекрасно парче земја. Нема потрошени големи пари.

You may also like