Авионот се судрил со автобус додека наводно се обидувал принудно да слета на улица во Сао Паоло.

Лесниот авион се урна околу 7.20 часот по локално време во Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло, Бразил.

Сведоците пријавиле дека слушнале експлозија и виделе голем облак од црн чад, според извештаите на Глобо, пренесува Нова.

На снимката од местото на несреќата се гледаат остатоци и автобус во пламен, додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Авионот, наводно, полетал од аеродромот Кампо де Марте околу 7.15 часот, летејќи кон градот Порто Алегре.

Само пет минути подоцна, авионот се обидел принудно да слета на улица и се судрил со автобус.

Во автобусот во моментот на несреќата немало патници, соопштија од противпожарната служба.

Се уште не е јасно колку луѓе имало во авионот и се уште нема информации за повредени.

Лесниот авион, идентификуван од локалните медиуми како King Air F90, наводно може да превезува осум патници.

(Vijesti.ba)