Блискоста на технолошкиот милијардер Илон Маск со екстремната десница ја „загрозува“ демократијата во Европа, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Тој ја поддржува крајната десница насекаде во Европа – во Велика Британија, во Германија, во многу, многу други земји – и тоа е нешто што е целосно неприфатливо“, рече Шолц на прес-конференција во Берлин. „Тоа го загрозува демократскиот развој на Европа, ја загрозува нашата заедница и мора да биде критикувана“, додаде германскиот лидер.

Маск, тврди Шолц, се поврзал со десничарски фигури и каузи ширум светот, вклучително и со поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) на претстојните специјални сојузни избори во земјата, кои се закажани за 23 февруари.