Две лица загинаа, а едно е во критична состојба откако ученик ги нападнал со нож во средно училиште во населбата Спишка Стара Вес во источна Словачка, јавува порталот Тераз.
Според соопштението на полициски претставник, осомничениот за нападот е приведен. Исто така, се нагласува дека цел на нападот биле наставник и двајца ученици.
Според медицинските служби, има повеќе повредени, но не се знае точната бројка. На местото на настанот дежураат неколку екипи за итна помош.
Претходно полицијата соопшти дека 18-годишното момче кое го изврши нападот е во бегство и дека по него е распишана потерница.








