Неколку илјади луѓе протестираа денеска во Виена против формирање влада предводена од крајнодесничарската Партија на слободата (FPÖ).
Демонстрантите пред зградата на владата истакнаа транспаренти на кои пишуваше: „Не сакаме екстремно десничарска Австрија“ и „Никогаш повеќе не е сега“.
Многу слогани беа упатени и против лидерот на FPÖ Херберт Кикл како потенцијален канцелар.
Толпата ја исвирка најавата дека ФПО започнува коалициски разговори со конзервативната Народна партија (ÖVP), откако разговорите меѓу главните партии пропаднаа.
Tausende Menschen und ein Meer aus Licht in Wien – gegen Schwarz-Blau, gegen Rassismus und Sozialabbau!#DemokratieAlarm#DemokratieVerteidigen#Donnerstagsdemo#w0901 pic.twitter.com/FXf3C2fZry
— Michael Bonvalot (@MichaelBonvalot) January 9, 2025
ФПО победи на парламентарните избори во есента 2024 година, првпат од нацистичката ера да го стори тоа една крајнодесничарска партија.
Откако партиите од центарот не постигнаа договор за можни коалиции, Кикл доби мандат од претседателот на државата Александар Ван дер Белен да се обиде да формира влада.
Протестот беше организиран од социјални и црковни групи и организации кои се борат за заштита на животната средина и бегалците.
Организаторите предупредија дека „заканата од авторитарен напад врз демократијата, човековите права, заштитата на животната средина и социјалната кохезија се наѕира над земјата“.
На протестот учествуваа и левичарските партии.
Преговорите за формирање коалициска влада ќе почнат утре.
„Првиот чекор: преговорите за буџетот од утре“, рече Кикл во четвртокот вечерта, додека демонстрантите со транспаренти „Нацистите надвор“ и „Историјата се повторува“ се собраа на плоштадот меѓу канцелариите на претседателот и владата.
(Vijesti.ba / ХИНА)









