Две лица загинаа откако маскиран и вооружен маж денеска околу 17:45 часот ја нападна фабриката „Хенел“ во градот Бад Фридрихшал во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг.
Според полицијата, двајца мажи биле застрелани, додека третиот е тешко повреден, пренесува Билд.

Полицијата го опколи местото на злосторството и испрати голем контингент полициски сили на местото на настанот, вклучувајќи хеликоптер и тим за специјални операции (СОТ).

Според соопштението, напаѓачот успеал да побегне, но потрагата по него е во полн ек, пренесува Танјуг.