Нападите го вклучија меѓународниот аеродром Сана, три пристаништа долж западниот брег на Јемен и важни инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги електраните Хезјаз и Рас Канатиб, како и воената инфраструктура во пристаништата Ходеида, Салиф и Рас Канатиб, пишува Ројтерс.

Хутите, кои претходно лансираа беспилотни летала и ракети кон Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа, веднаш не ги коментираа нападите.

ТВ Ал Масира, главниот канал под контрола на Хутите, известуваше за нападите на аеродромот во Сана, пристаништето Ходеида и електрана, пренесува Тузлански.ба.

Повеќе од една година, нападите на Хутите ги нарушија меѓународните бродски рути, принудувајќи ги бродските компании да одат на подолги и поскапи бродски рути. Овие нарушувања дополнително ја влошуваат загриженоста за глобалната инфлација.

Израел им наложи на своите дипломатски мисии во Европа да се обидат да обезбедат меѓународен консензус за прогласување на Хутите за терористичка организација.

Обединетите нации најавија состанок на Советот за безбедност во понеделник на кој ќе се разговара за нападите на Хутите врз Израел, изјави израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон.

Во саботата израелската војска не успеа да пресретне проектил истрелан од Јемен, кој падна во областа Тел Авив-Јафа, при што беа повредени 14 лица.