Парламентот на Словенија донесе измени на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кои се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот, јавува Anadolu.
„Забраната се однесува на земји, организации и групи, односно знамиња, знаци, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот“, пишуваат медиумите во Словенија.
Следствено, четниците и усташите беа меѓу другите, заедно со словенечките соработници на фашистичките сили, на листата на забранети.
Казната за прекршителите на законот ќе изнесува од 500 до 1.000 евра, предвидуваат усвоените измени на Законот за зачувување на јавниот ред и мир.
За гласаа 48 делегати, а шест беа против. За време на гласањето, на седницата не присуствуваа претставници на СДС, чиј претседател е Јанез Јанша, поранешен премиер на Словенија во три мандати.









