Триесет и осум лица загинаа денеска кога азербејџански патнички авион се урна во близина на Актау, Казахстан, изјави казахстанскиот вицепремиер Канат Алдабергенули Бозимбаев.
Бозимбаев зборувал во интервју за казахстанската новинска агенција Tengrinews за време на состанокот со истражителите на местото на несреќата.
Тој изјави дека преживеале 32 патници од авионот на Азербејџан ерлајнс, од кои некои се тешко повредени.
На видеата се гледа како авионот од Азербејџан се урнал од мала височина покрај брегот на Каспиското Езеро, не успевајќи да стигне до блискиот аеродром Актау.
Tengrinews објави видео од кабината каде што може да се забележат спуштени маски за кислород, се слуша како викаат патниците и еден човек кој малку гласно извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е најголем).









