Во последните неколку години, сведоци сме на парадоксална ситуација на Блискиот Исток, каде зад сцената на јавна осуда се формираат неочекувани сојузи. Додека на површината се водат војни со зборови и се изразува солидарност со палестинскиот народ, реалноста покажува поинаква слика.

Сириската криза разоткри сложена мрежа на односи. Откако разни терористички групи ја презедоа контролата врз Сирија, првата земја што побрза да го отвори своето дипломатско претставништво беше Катар. Овој потег доаѓа во време кога стотици илјади цивили беа принудени да ги напуштат своите домови.

Посебна загриженост е логистичката поддршка што западните сили – САД, заедно со регионалните партнери како Израел и Турција – кои им ја пружија на на бунтовниците и одредени групи. Оваа политика на „стратешки интереси“ се покажа погубна за локалното население, особено за малцинските заедници во Сирија.

Хамас, организација која јавно се претставува како бранител на палестинските права, исто така одигра значајна улога во оваа сложена ситуација, давајќи им поддршка на бунтовниците во конфликтот. Овие потези покажуваат дека геополитичките интереси и профитот често се поважни од хуманитарните принципи.

Додека има јавни дебати за човековите права и меѓународното право, зад затворени врати се склучуваат договори кои дополнително го дестабилизираат регионот. Се чини дека профитот и геополитичките интереси се поважни од животите на стотици илјади луѓе кои би можеле да гладуваат во идните конфликти.

Оваа ситуација е особено погубна за обичните луѓе кои сакаат да живеат во мир, без разлика на верската припадност. Вистинските верници – било да се муслимани, христијани или припадници на други религии – кои се водат од принципите на соживот и меѓусебно почитување, стануваат колатерални жртви во играта на моќта.

Сведоци сме на создавање на Голем Израел, каде муслиманите од Блискиот Исток ќе бидат принудени во ќошиња, но кои ќе бидат предводени од терористички групи. Зад овие групи се Америка и Израел.

Погледнете го ова интересно видео кое кажува се и докажува за што зборуваме. Штом Западот и Америка почнат да се критикуваат, сведочењето за „ослободувањето“ на Сирија престанува. На видеото можеме да видиме како терорист зборува за „Алаховиот пат“ во кој нема потреба да се бара помош од Западот, Америка и соседните земји. Штом ги спомна Западот и Америка, веднаш беше симнат од говорницата од луѓе кои будно следеа што зборува. Погледнете само како еден му го фаќа микрофонот, друг го фаќа од позади, но третиот не станува и како идиоти вели дека треба да си играат со музиката што ја оставиле од администрацијата. Ова не е случајно. Сè е подготвено однапред.

Додека муслиманите мислат дека богатите муслимански земји од Блискиот Исток добро им мислат, тие ги изневеруваат и на послужавник ги предаваат на Израел .