ФИФА на денешниот конгрес ги избра домаќините на Светските првенства во 2030 и 2034 година.

Шпанија, Португалија, Мароко ќе бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година, а првите три натпревари на СП 2030 ќе се играат во Аргентина, Парагвај и Уругвај.

Домаќин на Светското првенство во 2034 година е Саудиска Арабија.

Фудбалскиот сојуз на Норвешка јавно соопшти дека е против доделувањето на Светското првенство во 2034 година на Саудиска Арабија.

Инаку, ФИФА денеска имаше лесна задача со оглед на тоа што имаше само по еден кандидат за секој од првенствата.

Исто така, за прв пат во историјата не се одржа јавно гласање. Наместо тоа, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино побара од претставниците на националните асоцијации да плескаат на голем видео ѕид и рече: „Овој аплауз е јасен доказ за одобрување на кандидатурите“.