Опозицијата која го собори сирискиот режим прогласи општа амнестија за сите припадници на сириските вооружени сили и за сите регрути.

Нивната безбедност е загарантирана и сите напади врз нив се забранети“, беше објавено на Телеграм.

Поранешниот сириски премиер Гази ал Џалали за ТВ Ал Арабија изјави дека се согласил да ја предаде власта на Владата на сирискиот спас со седиште во Идлиб.

Ова доаѓа откако сириските опозициски сили објавија видео на кое се гледа како Гази ал Џалали се среќава со шефот на ХТС Ахмед ал Шара, познат како Ал Џолани, и со шефот на Владата на спасот Мохамед ал Башир, пренесува Ал Џезира.

Сириските опозициски борци кои го соборија Ал Асад, исто така, ослободија затвореници низ целата земја, додека тие сè уште трагаат по можни скриени подземни затвори за да стигнат до луѓето кои наводно се држат таму.

Опозицијата го собори режимот на Башар ал Асад во операција која траеше само 12 дена и заврши со падот на Дамаск во неделата.

Многу области во рацете на бунтовниците паднаа без борба.