Мухамед ал Башир е назначен за премиер на преодната сириска влада до 1 март 2025 година, изјави во телевизиско обраќање.

Ал Башир ја предводеше бунтовничката Влада на националниот спас во северозападна Сирија до молскавична офанзива со која беше соборен сирискиот претседател Башар ал Асад.

Два извори блиски до бунтовниците рекоа дека командниот штаб на бунтовниците им наредил на нивните борци да се повлечат од градовите и распоредиле полициски единици и сили за внатрешна безбедност поврзани со Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), главната бунтовничка група во милиционерната алијанса што го собори Асад.

Со сè уште празнично расположение во Дамаск, премиерот на Асад Мухамед Џалали во понеделникот се согласи да ја предаде власта на Владата на спасот предводена од бунтовниците, администрација центрирана на територијата под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија.

Главниот командант на бунтовниците Ахмед ал Шара, познат како Абу Мухамед ал Џолани, се состана со Џалали и потпретседателот Фајсал Мекдад за да разговараат за преодната влада, изјави за Ројтерс извор запознаен со разговорите.

Џалали рече дека предавањето на власта може да трае со денови.

(Vijesti.ba)