Авиокомпанијата Луфтханза, која ги поседува Eurowings, Swiss, Brussels и Austrian Airlines, го продолжи периодот на откажување на летовите до Тел Авив до 31 декември поради настаните на Блискиот Исток.
Во соопштението на групацијата Луфтханза се наведува дека планот за летање е усвоен поради последните случувања на Блискиот Исток.
Како што е наведено, летовите за Тел Авив се суспендирани до 31 декември.
Групацијата Луфтханза претходно објави дека летовите до Техеран, главниот град на Иран, се откажани до 31 јануари 2025 година, а до Бејрут, главниот град на Либан, до 28 февруари 2025 година.
Поради зголемената загриженост за безбедноста по израелските напади, Луфтханза неодамна малку го продолжи откажувањето на летовите кон Блискиот Исток.








